Македонија денес има рекордни 317 заразени пациенти со ковид-19. Но загрижува процентот или соодносот меѓу тестираните и позивните на тие тестови. Имено, во текот на вчерашниот ден биле тестирани 1990 а позитивни биле 317 пациенти. Што ќе рече дека бројот на позитивни или на заразени во споредба со бројот на тестирани изнесува околу 16 отсто. Таков процент и тренд Македонија нема забележано од почетокот на пандемијата.

Најмногу заразени има во Скопје и тоа 182 лица ,а како нови жаришта се јавуваат Гевгелија и Струмица со по 12 заразени лица.

Министерот за здравство Венко Филипче во текот на вчерашниот ден изјави: Влегуваме во очекуваниот есенски бран. Наша должност е да носиме маски за да го заштитиме јавното здравје. Нема да дозволам да се преоптовари системот и колегите да клекнат на колена од замор. Апелирам да се обединиме и да се поддржиме меѓусебно.

Инаку, во овој момент активни случаи на заразени од ковид-19 има 2892 лица. Тоа преставува огромно оптоварување за македонското здравство, а се очекува со доаѓањето на есента тој број се повеќе да се зголемува.

Во текот на вчерашниот ден оздравени се 104 лица, а починале четири лица.

Меѓутоа, трендовите се загрижувачки бидејќи со ваква прогресија само прашање на време е кога Македонија ќе има повеќе од 500 заразени на дневна основа.

Во такви услови, владата носи одлука без трестови да дозволи влез во Македонија на граѓани Србија, Косово, Црна Гора и БИХ, бидејќи нивните анализи покажале дека има многу мал број на случаи на увезена зараза на ковид-19.

Овие бројки беа очекувани и граѓаните покажаа несериозно однесување, но и владата и ресорните министерства не беа на висината на задачите. Во последната емисија Во Центар ова беше предвидено со оценка дека Македонија со вакво однесување е зрела и е на само еден чекор од бројка на 500 до 1000 заразени на ден.

Се добива впечаток дека владата како намерно да остави да биде реализиран шведскиот модел во Македонија а сега ќе следи драматично отрезнување кога сите ќе сфатиме дека ниту Македонија а Шведска а ниту Македонците се Швеѓани.