Ерменскиот премиер Никол Пашињан предупредува дека Европа, доколку не се процени правилно геополитичкото значење на ситуацијата во Нагорно Карабах, може да ја очекува Турција до пред портите на Виена.

Очекувам јасна позиција. Доколку меѓународната заедница не го процени правилно геополитичкото значење на таа ситуација, тогаш Европа може да ја очекува Турција покрај Виена – рече Пашињан во интервју за германски Билд.

Според него, тоа е поврзано со империјалистичката политика на Анкара.

Како што вели, Нагорно-Карабах и Ерменија сега се „линијата на цивилизацијата“.

Проблемот е во тоа што Ерменците во Јужен Кавказ се последната пречка за проширување на Турција на север, југо-исток и исток. Империјалистичката политика на Турција го надминува Јужен Кавказ. Да ги погледнеме акциите на Турција во Медитеранот, Либија, Средниот исток, Ирак и Сирија – додаде премиерот на Ерменија.

Според него, сегашната ескалација во Нагорно Карабах има меѓународно значење од три причини.

Прво затоа што, како што веќе реков, Турција регрутира и пренесува терористи од Сирија со цел да учествува во борбите против Нагорно-Карабах и Ерменија. Второ, турската армија беше вклучена во тој процес. Ова го покажува империјалистичкиот карактер на политиката на Турција, чии активности се насочени кон враќање на „Турската империја- рече Пашињан.