Сирискиот претседател Башар ал-Асад даде ексклузивно интервју за РИА Новости во кое, меѓу другото, зборуваше за улогата на Турција во настаните во неговата земја, но и за најновите конфликти во Нагорно Карабах. Асад посочува дека однесувањето на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган е опасно од повеќе причини.

Да бидам искрен и јасен, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги поддржува терористите во Сирија, ги поддржува терористите во Либија, тој беше главниот поттикнувач и иницијатор на неодамна започнатите конфликти во Нагорно Карабах меѓу Азербејџан и Ерменија. Неговото однесување, генерално, е опасно од повеќе причини, вели Асад.

Според Асад, постојат повеќе причини за тоа. Прво, затоа што тоа е одраз на линијата на муслиманските браќа, а тие се екстремистичка, терористичка организација. Второ, тој започнува војни во различни региони за да го одвлече вниманието на јавното мислење во Турција од неговите активности во земјата, особено по неговите скандалозни врски со Даеш во Сирија.

Сите знаат дека ДАЕШ ја продаваше сириската нафта преку Турција под покровителство на американската армија и секако дека Турците учествуваа во трговијата со нафта. Ова се неговите цели и тоа е опасно. Што се однесува до прашањето дали меѓународната заедница треба да го знае ова или не? Терминот „меѓународна заедница“ во реалноста претставува мала група на земји, големи и богати земји. Да ги наречеме влијателни земји во политичката арене, вели тој.

Според Асад, голем дел од меѓународната заедница е соучесник на Турција во поддршката на тероризмот. Тие знаат што прави Турција и тоа им се допаѓа. Турција е средство за овие земји да ги спроведат своите политики и идеи во регионот. Затоа не можеме целосно да сметаме на меѓународната заедница. Можевме да сметаме на меѓународното право, но тоа не постои. Не постојат институции што би обезбедиле негово спроведување. Ние во Сирија тогаш треба да се потпреме на самите себе и на помошта на пријателите.

Сирискиот Претседател одговири и на прашањето дали Ердоган и Турција користат терористи од Сирија во Нагорно Карабах: Можеме да го потврдиме тоа, но не затоа што имаме докази, бидејќи дури и кога нема докази, постојат одредени индикатори. Турција користеше терористи од различни земји во Сирија. Истите методи ги користеа и во Либија, користеа терористи од Сирија, можеби и од други земји, смета тој.

Фактот дека ги користи истите методи во Нагорно Карабах не бара докази, ова е многу веројатно, бидејќи како што веќе реков, Турција беше таа што доведе до овој проблем, го започна овој конфликт – го поттикна.

Турција сакаше да постигне нешто и планира да ги користи истите методи. И затоа можеме со сигурност да кажеме дека користи терористи од Сирија и други земји во Нагорно Карабах, заклучи Асад.