Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас експресно го победи коронавирусот. Клубот Наполи објави дека сите фудбалери се негативни на најновото тастирање, но Елмас сепак нема да може да и помогне на нашата репрезентација на утрешниот историски меч против Косово. Тој и Зиелински беа позитивни на претходното тестирање на Covid-19 поради кое тимот не отпатува и на дербито против Јувентус во Торино.

Целиот тим беше сместен во изолација, а со нив и Амир Рахмани, капитенот на фудбалската репрезентација на Косово, кој исто така ќе го пропушти утрешниот меч на двете селекции во Скопје.