Солза Грчева, Претседателот на Глас за Макединија на својот фејсбук профил ја обвини поранешната пратеничка Ѓулистана Марковска дека го бранела менувањето на името за да го ослободи својот поранешен сопруг, д-р Вело Марковски од притвор.

“Пуста Ѓулистана. Таман со бранење на промената на името си го ослободи сега бившиот сопруг, доцент Вело од затвор, тој ја замени за помлад модел. Вчера “малку” и се кошкале во Кисела Вода. Судбина!, напиша Солза Грчева.

Инаку, Ѓулистана Марковска беше пратеник во првиот состав на македонското Собрание, како член на Реформските сили на Стојан Андов и Анте Марковиќ, а од 1998 до 2002 година беше пратеник од редовите на ВМРО ДПМНЕ. Беше и дел на т.н. реформатори кои се залагаа за реформи во ВМРО ДПМНЕ и смена на Никола Груевски.

На овој фејсбук статус на Грчева со коментар се јави поранешниот директор на Фондот за здравство и заменик министер за здравство, Никола Пановски кој реагираше, како што напиша, како пријател на фамилијата Марковски.

Како пријател на фамилијата Марковски: разведени се 2010 година и од тогаш не комуницираат. Сегашната сопруга на Вело, инаку вонреден професор, тогаш веројатно била средношколка. Со неа се запознал пет години по разводот, а се официјализира врската септември 2017. Во притвор беше октомври 2018, се уште нема обвинение. Што има ова врска со името на државата навистина не ми е јасно, напиша Пановски.

Инаку, по изгубените избори и превирањата во ВМРО ДПМНЕ, Вело Марковски стана член на Извршниот Комитет на таа партија. По низата критики на негова сметка пред шест дена Вело даде објаснување на фејсбук. Во тоа обраќање на социјалните мрежи Вело Марковски призна дека бил во притвор:

Јас поминав 4 месеци во притвор, сега таа истрага стана предмет на притисок и јавно споделување, напиша тој.

Во исто време Вело Марковски изрази загриженост за неговата и безбедноста на неговото семејство:

Во ек на најголемите медиумски напади и дискредитации во ист ден имав 4 пати прстигнување на две коли со странски регистрации на автопатот од Штип до Скопје. Престигнување, видливо тргање на крајна трета лента, па повторно престигнување за неколку километри и истата процедура 4 пати. Случајно истиот ден (пред два дена) насилно со отварање на прозор од тераса со штравцигер (професионално) рано навечер да се влезе во мојот дом во кој во момнтот беа моето малолетно дете и мојата сопруга. Можеби е совпагање, но сум научил дека ретко има вакви случајности во животот.

Очигледно Вело Марковски тешко се справува со критиките во јавноста и живее со чуство на страв дека е загрозен неговиот живот и дека може да биде судски гонет!?