По спроведувањето на студијата, истражувачите заклучиле дека луѓето заразени со коронавирус не можат да препознаат мирис на пеперминт и кокосово масло.

Кога коронавирусот се појави и почна да се шири, сува кашлица и треска се сметаа за неговите главни симптоми, но неодамнешното истражување покажа дека губење на мирис и вкус се главните индикатори на инфекцијата.

Многу научници веруваат дека аносмијата или губење на мирис е рано предупредување за инфекцијата со коронавирус, но истражувачите во Индија покажаа дека луѓето заразени со коронавирус не чувствуваат само одредени мириси.

Индиски научници користеле пет различни вкусови, инаку заеднички за секое индиско домаќинство, и развиле „тест за мирис“. Мирисите што ги избраа за тестот, со помош на онлајн анкета, беа лук, пеперминт, кардамон, кокосово масло и анасон, пишува Тајмс оф Индиа.

Студијата е спроведена на 49 асимптоматски пациенти и 35 лица кои не биле заразени. Од нив било замолено да тестираат пет вкусови и да забележат дали можат да мирисаат и да ги препознаат. Според извештајот, како проверка е извршен и втор експеримент во кој редоследот на мирисите бил променет и во тестот била додадена вода.

Само 4,1 процент од испитаниците не успеале да препознаат каков било мирис, 38,8 проценти не можеле да идентификуваат еден од мирисите, а 16 проценти два. Здравите учесници во студијата можеа да ги почувствуваат сите ароми, но 14 проценти од нив не успеаја прецизно да препознаат барем еден мирис.

По спроведувањето на студијата, истражувачите заклучиле дека луѓето заразени со коронавирус не можат да препознаат мирис на пеперминт и кокосово масло. Иако се потребни дополнителни истражувања, тие веруваат дека ваквиот тест за мирис може да помогне во идентификување на асимптоматски пациенти.