Влеговме во осмиот месец од епидемијата на вирусот корона и како што предвидуваат нашите експерти, новиот бран е на повидок. Во исто време, сезоната на грип и настинка започна и сега, повеќе од кога било, важно е да се зачува и зајакне имунитетот.

И, кои витамини и хранливи материи се моментално најдобри за зајакнување на имунитетот? Експертот за функционално здравје, д-р Фред Пескаторе, вели:

Јас лично ги земам за да го намалам ризикот од инфекција со ковид-19 и да ги намалам можните компликации во случај да се разболам. Заедно тие го зајакнуваат имунитетот и го одржуваат здравјето на белите дробови, вели тој, додавајќи кои витамини и минерали се најдобра заштита и во кои ситуации.

Пневмонијата е честа кај ковид-19, но витаминот Ц може да го намали ризикот од секундарна инфекција за дури 95 проценти. Овој витамин има способност да спречува и бактериска и вирусна пневмонија, вели д-р Пескаторе. Јас лично земам 3.000 мг на ден, што им го препорачувам на сите. Ако во моментов не земате витамин Ц, тогаш започнете со помали дози и постепено зголемувајте ги за да избегнете дијареја, вели тој.

Витаминот Д-3 им помага на белите крвни зрнца да ги уништат вируси кои ги напаѓаат белите дробови, намалувајќи го ризикот од респираторни инфекции за дури 64 проценти и компликациите предизвикани од ковид-19 за дури седум пати. Овој витамин се синтетизира со изложеност на сонце, иако тоа обично не е доволно, затоа препораката на лекарот е да земаат додатоци од овој витамин. Д-р Пескаторе препорачува внесување од 50 000 IU за два дена, а потоа 15,000 IU на ден.

Научните истражувања сугерираат дека цинкот спречува размножување на вирусните клетки. Д-р Пескаторе препорачува 50 мг од овој минерал на ден, особено во форма на пастили затоа што, како што вели, респираторните вируси влегуваат во телото преку грлото и носот, а ставањето цинк директно во устата му овозможува на минералот да го нападне вирусот на неговото место на влегување.

Витаминот А е растворлив во масти и го одржува протокот на слуз, што спречува вирусите да „фатат“, да се размножуваат и да предизвикаат болест, објаснува Д-р Пескаторе. Се препорачува да се земаат 40 000 мг. витамин А за два дена, а потоа 10 000 мг. дневно.