Претседателот на Косово, Хашим Тачи, потпиша указ за разрешување на претставникот на Приштина во Вашингтон, Вљора Читаку, од таа позиција.

Приштинската Газета денес објави дека разрешување побарала самата Читаку со писмо што го испратила до Тачи уште во септември, а по пет години поминати на тоа место.

Како што се наведува, таа ќе се врати во Косово и Метохија, а нејзиното враќање започна со разрешување на поранешниот главен претставник Глаук Коњуфца.

Читаку во писмото наведува дека е подготвена да остане на таа позиција до назначувањето на нов претставник.

Таа на својот Твитер напиша дека „по пет години, време е да се вратиме дома“. Сепак, не е наведено зошто таа побарала разрешување.