Поранешната обвинителка на сега веќе непостоечкото Специјално Јавно Обвинителство или скратено СЈО, Фатиме Фетаи се покажа како најтежок противник на поранешните високи функционери на ВМРО ДПМНЕ.

По Никола Груевски и Гордана Јанкуловска, сега условно речено “нова жртва” на истрагите на Фетаи во СЈО е пратеникот Антинијо Милошовски.

Имено предметот Моќник, каде постапка се води и против Милошоски, влегува во судска процедура.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ е третообвинет и се товари за делата измама и за злоупотреба на службената положба и овластувања

Предметот се однесува на продажба на имот, зграда од 157 квадратни метри и дворно место од 3 920 квадратни метри, во селото Ижишта.

Денес беше објавено, дека Советот за оценка на обвинението за случај Моќник, против 13 лица, ги одби приговорите на обвинетите и во целост го одобри обвинителниот акт, соопшти Основниот кривичен суд.

Предметот ќе биде распределен кај судија за понатамошно судење, додаваат од судот.

Според обвинението: Сите 13-мина, се товарат за вмешаност во нелегална продажба на објект во село Ижишта, општина Македонски Брод, кој го користела општина Пласница.

Двајца од обвинетите се обвинети дека сториле Измама, а третообвинетиот Милошоски, Измама и Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 2 од Кривичниот законик, каде најниската казна е 5 години затвор. Со Обвинителниот предлог опфатените 10 лица се товарат дека сториле едно кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 2.

Според обвинението, Антонијо Милошоски, поранешен министер за надворешни работи, а сега пратеник и член на Извршниот Комитет на ВМРО ДПМНЕ, неговиот татко и поранешниот претседател на Комисијата за лустрација, Томе Аџиев, заеднички издејствувале по цена од сто денари од метар квадратен, да се продаде објектот во кој биле сместени администрацијата и градоначалникот на општина Пласница.

Во случајот се инволвирани уште 10 лица што биле вклучени во продажбата на објект во село Ижишта – општина Македонски Брод, кој го користела општина Пласница.