Во Хрватска рекордни 542 новозаболени од коронавирус

Во последните 24 часа бројот на новозаболени од коронавирус во Хрватска е поголем од кога било досега. Регистрирани се 542 позитивни случаи од 5.939 тестирани. Бројот на активни случаи во Хрватска изнесува вкупно 2.206. Меѓу нив, 361 пациент е во болница, од кои 27 се на апарати за дишење. Едно лице починало. Станува збор за човек роден во 1937 година, кој починал во болницата во Карловац, објави Индекс.хр.

На почетокот од кризата никој во Хрватска не го поддржуваше карантинот. Но денес граѓаните сами бараат 24 часовен карантин бидејќи состојбата станува алармантна.