Постојат пет можни сценарија за развој на новиот светски поредок до 2030 година, по завршувањето на пандемија со корона вирусот, смета американскиот експерт за меѓународна политика Џозеф Нај.

Нај, поранешен декан на Факултетот за политички науки на Харвард и висок советник и функционер задолжен за надворешна политика во администрацијата на неколку американски претседатели, ги опиша тие сценарија.

  1. Крај на глобализацијата

Светскиот поредок што се појави по Втората светска војна под влијание на САД се распаѓа и се менува. Уште пред пандемијата на коронавирусот, овој поредок беше доведен во прашање со подемот на Кина и подемот на популизмот на Запад.

Меѓународните институции се атрофирани и повиците за поголем суверенитет растат.

САД остануваат надвор од Светската здравствена организација и Парискиот климатски договор. Пандемијата му дава кредибилитет на ова сценарио затоа што ја ослабува Америка како „систем менаџер“ на светскиот поредок.

  1. Пораст на авторитаризмот како во текот на триесеттите години од минатиот век

Масовната невработеност, зголемената нееднаквост и нарушените социјални односи како резултат на економските промени предизвикани од пандемијата создаваат средина погодна за развој и пораст на авторитаризмот. Се појавуваат политичари кои го користат национализмот и популизам за да добијат моќ.

Ризикот од насилни конфликти расте.

Слабите шанси за економско закрепнување со пандемијата ја зголемуваат нивната веројатност.

  1. Светска доминација на Кина

Бидејќи Кина имаше најдобар одговор на пандемијата, економските разлики меѓу неа и другите светски сили драматично се менуваат. Кина веќе во 2025 година економски ја престигнува опаѓачката Америка и го прошируваше своето лидерство над земјите кои покажаа потенцијал да се натпреваруваат со неа.

Иницијативата “Појас и пат” не служи само за да влијае на соседните земји, туку и во Европа и во Латинска Америка.

  1. Свртување кон еколошката политика

Американската инвестиција од 700 милијарди долари годишно во одбраната не можеше да спречи вирусот да убие повеќе Американци отколку што беа убиени во сите војни во таа земја по 1945 година.

Американскиот претседател го усвојува Ковид Маршаловиот план, кој ќе им овозможи на сиромашните земји да обезбедат вакцина и да го подигнат нивото на здравствена заштита. Овој план ги менува геополитичките односи и ја шири американската мека моќ.

  1. Сè ќе биде исто

Во 2030 година, пандемијата со коронавирусот изгледа само како непријатен настан, слично на тоа како што им изгледаше пандемијата со шпанската треска од 1918 до 1920 година на луѓето во 1930 година.

Кина и Америка успеваат да се справат со пандемијата и климатските промени, иако се натпреваруваат во други области. Некои меѓународни институции исчезнуваат, некои се обновуваат, а некои нови се појавуваат. Соединетите држави остануваат најголема сила, но со помалку влијание отколку во минатото.

Џозеф Нај истакнува дека првите четири сценарија имаат по 10 отсто шанса да се случат, додека петтото сценарио има помалку од 50 отсто шанси да биде реализирано.