Режисерите Горан Марковиќ и Емир Кустурица јавно разменуваа груби зборови во отворени писма што си ги испраќаа едни на други. Причината за нивното несогласување е споменикот на Стефан Немања, кој наскоро треба да биде поставен во Белград, а за кој двајца познати автори имаат сосема различни естетски ставови.

Марковиќ повторно ја фрли ракавицата кон Кустурица, изјавувајќи дека неговиот колега е „малку уличар“ и дека ако тој не станаше светски познат режисер, веројатно сега ќе беше во затвор.

Го познавам Емир уште од неговите рани денови. Тој отсекогаш бил малку уличар и можен деликвент. Да не станеше светски познат режисер, веројатно сега ќе беше во затвор. Од друга страна, го разбирам, дури и малку жалам. Тој остана без татковина, Сараево, тој стана апатрид, тој дури и ја смени својата вера и нација, се во потрага по некој друг во себе. Со сите овие големи награди, тој е веројатно најнаградуваниот режисер во историјата на филмот. Тоа тешко се издржува, тоа сака да корумпира. Особено ако имате такви предиспозиции за кои зборував. Се на се, тој е за жалење”, изјави Марковиќ за порталот Лупига.