Владата на Велика Британија објави дека на патниците од Европската Унија од 2021 година повторно ќе им треба пасош за да влезат во земјата. „На граѓаните на Европската Унија повторно ќе им треба пасош за влез во Велика Британија, наместо лична карта, што сè уште важи меѓу преостанатите 27 членки на Унијата, од октомври 2021 година“, објави владата.

Новото правило важи и за посетителите од Швајцарија, Исланд, Норвешка и Лихтенштајн. Британската влада донесе одлука да ги врати пасошите тврдејќи дека личните карти се помалку безбедни. Велика Британија официјално ја напушти ЕУ кон крајот на јануари.