Пандемијата на коронавирус го фаворизира растот на компјутерскиот криминал во Европа, особено во делот на детска порнографија и разни измами на Интернет, соопшти денеска Европската полициска служба (Европол).

Криминалците брзо ја искористија пандемијата на коронавирус за да ги нападнат ранливите, во контекст на карантинот и ограничено движење, што ги наведе луѓето многу повеќе да користат Интернет, се вели во изјавата на Европол.

Интернет измамата со тоа стана идеална стратегија за сајбер криминалците кои ја продаваат својата стока како производи што ќе го спречат или лекуваат коронавирусот, изјави Европол со седиште во Хаг.

Покрај тоа, регистрирана е содржина за сексуално вознемирување на деца, а прикажувањето на таквата содржина стана попопуларно од вообичаеното поради ограничено движење и патување.

Пандемијата на коронавирус забави многу аспекти од нашите вообичаени животи. „За жал, ги забрза криминалните активности на Интернет“, рече еврокомесарот за внатрешни работи Илва Јохансон.

Според неа, организираниот криминал злоупотребува ранливи лица, без разлика дали се работи за луѓе кои останале без работа или компании, а што е најлошо, тие експлоатираат деца.