Минатата недела, популарната пејачка Ријана направила спектакл за паметење, а станува збор за ревијата „Savage x Fenty“, каде што привилегија да прошетаат имале девојки од различно потекло, религии, конфекциски броеви и сл.
Минатата недела Ријана претстави нова линија на својот личен бренд „Savage x Fenty“, поради што доби екстремно остри критики од нејзините фанови од исламската вероисповед.
Имено, пејачката е осудена затоа што користела исламски хадис во нејзината ревија, а причината за нападот врз пејачката е тоа што „го искористила исламот како естетика“.
Сепак, иако ѕвездата била широко пофалена за користењето широк спектар на модели од сите големини и националности, Ријана била критикувана за вклучување на светите муслимански фрази во ремиксот што нил пуштен за време на дел од шоуто.
Хадит е збирка на традиционални муслимански фрази на пророкот Мухамед и се користи како водич за оние кои се од исламска вероисповед.
Во врска со овие критики, Ријана исто така објавила на својата сторија на Инстаграм и им се извинила на сите што ги повредила.