На барање на тогашниот премиер Зоран Ѓинѓиќ, државната безбедност достави документи што водат до нерешени ликвидации во Србија.

Сепак, тајните информации што му ги доставуваше службата под општо име „Пресек“ не помогнаа да се открие вистината за повеќе од 500 ликвидации на мафијата во кои беа убиени Жељко Ражнатовиќ, Ѓорѓе Божовиќ Гишка, Бранислав Матиќ Бели, Александар Кнежевиќ Кнеле, но и министерот за одбрана Павле Булатовиќ, функционерот на ЈУЛ, Зоран Тодориќ Кундак, како и полицискиот генерал Радован Стојичиќ Баџа.

Документот од 2001 година никогаш не бил заведен како документ во службата, а во делот на белешката што се однесува на убиството на Жељко Ражнатовиќ Аркан, причината за оваа ликвидација е пред се пари од трансфер на фудбалери.

Изворите тврдат дека ликвидацијата ја организирал Сколе (Зоран Ускоковиќ, водачот на миљковачката екипа ), и дека делови од службата секако ја користеле поради можно сведочење во Хаг, бидејќи тој често се заканувал дека ќе каже сè во разговорите. Ражнатовиќ извесно време беше на оперативна врска со службата.