Многу се надевам дека Република Македонија ќе ги добие потребните гаранции од нас и дека ќе биде успешна на патот на пристапување кон Европската унија. Потребните компромиси мора да се направат, како што направија многу други.

Ние сме должни за сегашните и идните генерации да осигуриме дека во никој случај Република Македонија, Албанија и земјите од Западен Балкан да не се запрени на патот кон Европската унија. Ова го изјави премиерот Бојко Борисов за време на неговата средба со министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија Бујар Османи.

За време на разговорот, премиерот Борисов истакна дека е многу загрижен за вклучувањето на ОМО Илинден и на македонското малцинство во Бугарија во политичката резолуција во Европскиот парламент. „Ова во никој случај не е корисно во овој момент кога бараме компромис – и за историчарите и за нашите политички партнери во Република Македонија, за да се најде решение за ова прашање“, додаде тој.

Премиерот Бојко Борисов истакна дека разговорите на сите нивоа треба да започнат од денес, така што до 10 ноември, кога Бугарија и Република Македонија, како копретседавачи на Берлинскиот процес, ќе претседаваат со Самитот, може да има компромисно решение што ќе ги задоволи сите „Имате многу работа да направите, ова е многу сложен, многу брз и истовремено важен и неопходен процес“, беше категоричен бугарскиот премиер.

Вашите граѓани треба да знаат дека во Бугарија имате и сте имале најголема поддршка и дека треба само да ја направиме историјата мост на пријателството и блискоста, а не скршен мост на кој Република Македонија не може да помине. Значи тука не треба да има политички игри, рече премиерот Бојко Борисов за време на состанокот. Според него, перспективата и моментот се исклучително важни и би било грев во историјата доколку сегашните политички раководства во Бугарија и Република Македонија не успеат да најдат компромис. „Ни светот нема да не разбере“, додаде премиерот Бојко Борисов.