Заедничката мултидисциплинарна комисија меѓу Бугарија и Македонија ќе се состане следната недела. Ова го изјави вицепремиерот и министер за надворешни работи Екатерина Захариева по средбата со министерот за надворешни работи на Македонија Бујар Османи.

Сите овие години докажавме дека сме добар сосед и пријател и се надевам дека ова се рефлектира и разбира правилно насекаде. Сметам дека идните генерации нема да ни простат, јас самата не би си простила ако го пропуштиме моментот и не се вратиме на спроведувањето на она што го договоривме во 2017 година – Договорот за пријателство, добрососедство и соработка. Тоа го отвори патот и за НАТО и кон решението од март за ЕУ “, додаде таа.

Патот до членството во ЕУ, како што Бугарија знае многу добро, не е моментален. Тоа е поврзано со многу реформи, понекогаш болни и зависи од индивидуалните заслуги и строгото почитување на утврдените критериуми и конвенции, додаде Захариева.

Ќе обрнам внимание на националниот став на Бугарија по ова прашање. Не е ново, тоа е добро познато. Во никој случај не сакам создавањето расположенија во јавниот и медиумскиот простор да се меша со духот на вистинско пријателство што го чувствувам денес на оваа средба. Ве уверувам дека за пријатели како Бугарија е поважно од која било друга земја нашите соседи да бидат на патот на демократскиот развој, реформите и да бидат сојузници во НАТО и членки на ЕУ, рече таа.