Уште во 2012 година, на Универзитетот во Конектикат, Питер Турчин, биолог и математичар, одржа предавање во кое ги шокираше сите: САД ќе бидат во хаос во 2020 година.

Турчин беше многу прецизен во своите анализи и предвидувања, бидејќи ова дефинитивно не беше добра година за Соединетите држави, кои беа погодени од комбинирани сили на епидемии, расни конфликти и природни катастрофи.

Турчин таа своја анализа ја објави во „Журнал оф пис рисрч” во кој ја анализирал ситуацијата и најавил насилство, немири, тероризам и други катастрофи во Соединетите држави. Како математичар ја користел шемата: долг период на мир кој му се заканува на насилството.

Тој заклучи дека почетокот на 19 век бил најмирен период, како и средината на 20 век. Осцилациите се повторуваат на секои 50 години, така беше во 1870, 1920 и 1970 година. Тој заклучи дека насилството треба да се очекува повторно во 2020 година.

Според тоа, Турчин има теорија дека насилството се повторува на половина век и дека циклусите се случуваат во сите земји. Социјалната нееднаквост го зголемува незадоволството и врвовите на насилство. Населението потоа се смирува на 20 или 30 години, колку што е потребно за да порасне генерација млади луѓе, а проблемите што се „туркаат под тепих“, потоа повторно излегуваат на површина.

Турчин најави повторно тешка и бурна деценија.

Трендот на се понизок и понизок животен стандард и растот на елитите секако ќе доведат до конфликт и насилство. Ситуацијата нема да се смири затоа што елитите се борат меѓу себе за богатство и ресурси со помош на веќе добро поврзани политичари. Малата искра ќе биде причина за активирање на конфликтите, напишал тој во е-мсил до списанието Live Science.

Социологот Џек Голдстоун од Универзитетот Мејсон во Вирџинија е убеден дека дваесеттите години на 21 век ќе бидат запишани во историјата како „турбулентни“ и преломни.

Изборите во ноември ќе бидат голем тест, бидејќи ситуацијата во САД може да ја спасат само коренити реформи што можат да се спроведат со убедлива победа на еден од кандидатите, а најлошата опција е победата да биде „тенка“, затоа што тогаш ќе има отворени борби на улиците.

Во секој случај, ноември 2020 година ќе биде пресвртна точка за иднината на Соединетите држави и институциите што во моментов владеат со оваа земја.