Алина Кабаева, поранешна руска гимнастичарка, за која се шпекулираше дека има близнаци со претседателот Владимир Путин, не е видена од 2018 година, пренесуваат странските медиуми.

Според гласините, Кабаева, освојувачот на олимпискиот златен медал, е долгодишна партнерка на Путин. Наводно, тие ги добиле близнаците во мај 2019 година, како што тврди една руски сајт, но, сепак, тој напис е избришан во меѓувреме.

Иако имало многу непроверени приказни за породувањето, сепак се верува дека Кабаева родила два сина во една московска клиника.

Поранешната гимнастичарка не се појавува често во јавноста и живее многу повлечен живот, така што мистеријата дополнително се продлабочи.

Путин е неверојатно сигурен, неговите две ќерки живеат со лажни имиња со години. Дури и денес, тој не ги спомнува често, и ако ги споменува, не ги споменува нивните имиња. Ако Алина ги родила своите деца, нејзиното исчезнување од јавниот живот е до сега најголемиот успех на Путин, кога станува збор за одржување на приватноста, изјави извор од Москва за британски Сан.

Според него, безбедноста на семејството е „опсесија“ на Путин.

Со години во Русија кружат гласини дека претседателот е во врска со Кабаева, 30-годишна гимнастичарка.

Да потсетиме, според руските медиуми, минатата година бил уреден целиот четврти кат на Истражувачкиот центар за акушерство, гинекологија и перинататологија со цел да се смести поранешната гимнастичарка и пратеничка во партијата на Путин.

Еден од водечките весници во Москва ја објави оваа сторија на својот портал, која подоцна ја избриша. Сергеј Канев, истражувачки новинар, близок до руските разузнавачки служби, истакнува дека Алина родила близнаци.

Тој бил информиран дека биле ангажирани голем број агенти на безбедносните служби, кои извршиле преглед на секој агол од породилиштето пред нејзиното доаѓање. „Половина од медицинскиот персонал е протеран од ова одделение“, рече тој, повикувајќи се на свој извор.

Познат лекар од Италија беше тој што помогна при раѓањето, со помош на познат академик, директор на медицинскиот центар.

Мајката роди две момчиња. Тој мораше да се направи царски рез рече тој.

Сепак, наскоро пристигна информација дека Алина Кабаева наводно не била во породилиштето, туку тоа била фото-моделот Саша Кабајева.

Во последниве години, Кабаева постојано негираше дека има деца, но тоа не ги спречи гласините дека таа и Путин имаат тајно семејство. Некои медиуми пренесуваат и дека Кабаева, покрај споменатите близнаци, има и други деца со рускиот претседател. Во 2015 година, исто така, беше многу напишано дека Кабаева се породила и дека Путин добил син во една клиника во Швајцарија.