Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас е подготвен да се врати на теренот, откако оздраве од коронавирус.

Италијанскиот прволигаш Наполи соопшти вечерва дека веќе нема заразени фудбалери со коронавирус.

Тимот  претпладнето беше подложен на втор корона тест, откако фудбалерите на калчолигашот беа тестирани во средата, кога беше обелоденето дека Елмас е нагативен на Ковид 19.

„Тестовите што утрово беа извршени врз екипата се негативни на Ковид 19“, соопшти Наполи.

Елмас заедно со Полјакот Пјорт Зелински беа првите заразени со коронавирус во Наполи, поради што репрезентативецот го пропушти вчерашниот бараж против Косово, а нема да биде во комбинацијата ниту за дуелите од Лигата на нации против Естонија и Грузија, следната недела.