Јовица Станишиќ е поранешен шеф на Службата за државна безбедност ( СДБ ) на српското Министерство за внатрешни работи, а Франко Симатовиќ е поранешен командант на единицата за специјални операции (ЈСО) на СДБ. Тие беа најважни разузнавачи на Слободан Милошевиќ.

Механизмот за меѓународни кривични судови (МИЦТ), наследникот на Хашкиот трибунал, објави во четвртокот дека заврши сослушувањето на сведоците на поранешните шефови на службите за државна безбедност, Јовица Станишиќ и Франко Симатовиќ, и дека судскиот совет треба да донесе првостепена пресуда во првата половина на 2021 година.

Поранешните лидери на Државната безбедност на Србија (ДБ), Јовица Станишиќ и Франко Симатовиќ, обвинети за прогон, убиство, присилно раселување и депортирање на Хрвати и муслимани во Хрватска и БиХ во 90-тите, во 2015 година им беше изречена ослободителна предуда, но на жалба на обвинителството судењето се врати на почетокот поради погрешно толкување на неколку аспекти на законот.

Последните пет сведоци беа сослушани од 1 до 8 септември 2020 година. Првостепената пресуда се очекува во првата половина на 2021 година, стои во соопштението на МИЦТ.

Претседавачкиот судија Бартон Хол рече дека конечните поднесоци за документираните докази можат да бидат поднесени до 2 ноември 2020 година, а завршните зборови ќе се одржат во последната недела во март 2021 година.

Јовица Станишиќ е поранешен шеф на СДБ на српското Министерство за внатрешни работи, а Франко Симатовиќ е поранешен командант на единицата за специјални операции на СДБ (ЈСО). Обвинителството ги товари за учество во заедничко злосторничко дело помеѓу 1991 и 1995 година, предводено од тогашниот српски претседател Слободан Милошевиќ, за отстранување на Бошњаците и Хрватите од делови на Хрватска и БиХ за воспоставување на етнички чиста српска држава.

Повторното судење започна на 13 јуни 2017 година.

За време на судењето беа испитани 51 сведок на обвинителството и 29 сведоци на одбраната за двајцата обвинети.