Ангела Меркел може да се опише како воздржана и не секогаш транспарентна, а нејзиниот сопруг Јоаким Зауер, кој претежно бега од светлата на сцената, добро се вклопува во таа слика. Во прашањата на политиката, тој никогаш не се изјаснува, а на јавни настапи ретко е во друштво на својата сопруга.

Првиот брак на Ангела Каснер Улрих Меркел не беше успешен, но остави трага кај сега веќе познатата дама. Две години по нејзиниот официјален развод, Ангела Меркел започна да се гледа со Јоаким Зауер, квантен хемичар. Тој, за разлика од неговата сопруга, никогаш немал политички амбиции, но во науката станал еден од најдобрите во својата област.

Секоја година тие заедно се појавуваат на фестивалот во Бајројт и тоа е исклучок кога е во прашање нивното заедничко појавување, освен вообичаените обврски што ги извршуваат како сопружници, па тогаш ги фотографираат папараците. Тој тогаш не дава интервјуа за својот живот, но е среќен што разговара со новинарите за неговите научни истражувања. Денес, Јоаким Зауер е професор на Универзитетот во Берлин, член на Кралското друштво во Лондон и член на Националната академија на науките.

Зауер ја запозна Меркел во 1980 година на Академијата на науките во Берлин. Тие се венчаа во 1998 година и за двајцата ова беше втор брак. Зауер од првиот брак има два сина.

Малку се знае за неговиот приватен живот. Единственото нешто што на јавноста и е познато е тоа што Меркел го кажува: „Ние не зборуваме постојано за политика, но тој е индиректно и добар советник“. Двојката дели заедничка страст за операта и природата и веќе неколку години патуваат во Јужен Тирол, каде што планинарат.