Националната фудбалска лига (НФЛ) е индустрија за пари. Милјарди се вртат и затоа мора да се игра.

Челниците на лигата, додека беснееше пандемијата на коронавирус, рекоа дека натпреварите ќе започнат на време, и тоа во присуство на навивачите. Непосредно пред почетокот, тие одлучија пополнетоста да биде од 22 до 27 отсто. На клубовите им беше оставено да изберат дали ќе ги пуштат навивачите на стадион.

Повеќето сè уште не ги пуштаат навивачите на трибините. Некои одлучуваат од натпревар во натпревар, а во Мајами решија широко да ги отворат вратите на стадионот. Се очекува стадионот „Хард рок“ да ги има сите 64.767 навивачи, што е капацитет на објектот изграден во 1987 година

Досега Делфините дозволија 13.000, но локалните власти им дадоа дозвола за полн капацитет на стадионите. Покрај тоа, никој не е обврзан да носи маска. Дозволата потоа добија Џексонвил (67.814) и Тампа Беј (65.618), објавија американските медиуми.