Денес кога беше најавено дека група доктори инфектолози и медицински сестри, кои седум месеци се бореа против ковид-19, поради замор и премореност ќе си заминат од државните клиники, Македонија бележи најголем број на заразени од почетокот на пандемијата.

Иако тоа не е се уште официјално објавено на веб страната на ресорното министерство, денес има 393 заразени и четири починати лица.

Од оваа бројка во Скопје има 190 заразени.

Инаку, вкупно биле направени 2464 теста, а позитивни биле 393 лица. Тоа е околу 16 отсто од вкупниот број тестирани.

Министерот за здравство Венко Филипче потврди дека група доктори изморени од борбата со Ковид-19 си одат или најавуваат заминување од државната клиника. Филипче рече дека на нивно место доаѓаат нивни колеги.

Три медицински сестри и инфектолог од Инфективната клиника во Скопје, дале отказ и ќе работат во приватна болница, изјави денес Венко Филипче. Според него отказ најавила и шефицата на ковид-центарот во болницата 8 септември, Патриција Каламарас. Филипче вели дека дел од нив заминуваат бидејќи се преморени, а дел имаат лични причини или подобри финансиски понуди.