Албанскиот премиер Еди Рама тајно и понудил на Србија половина од Косово! Рама сака да припои дел од јужната половина од Косово кон Албанија и затоа систематски ги уништува позициите на власта во Приштина!

Овие шокантни тврдења ги изнесе албанскиот претседател Илир Мета, кој вели дека е „сигурен 1.000 проценти“ дека Рама тајно предложил поделба на Косово на Србија и меѓународните медијатори!?!

Илир Мета вели дека е целосно убеден дека Еди Рама не сака Косово да биде независно, туку да припои дел од таа територија кон Албанија.

Рама со своите изјави му нанесе голема штета на Косово. На десетгодишнината од независноста на Косово, како може тој, како премиер на Албанија во косовскиот парламент, да каже дека ќе имаме заеднички претседател за неколку години?! Србија реагираше брзо на тоа, очигледно на координиран начин. Ова не е случајно. Тоа значи дека Косово не треба да биде држава и не треба да се признава затоа што еден ден ќе биде припоено кон Албанија – изјави Мета за ТВ Клан, додавајќи дека нема сомнеж дека Рама и понудил на Србија дел од територијата на Косово.

Рама го тужеше Харадинај за тврдењата за тајна поделба. Но, што значи тоа дека премиерот на Албанија го тужи тогашниот премиер на Косово? Зошто го стори тоа? И зошто се повлече од тоа судење по само неколку месеци? Дали знаете зошто? Па, затоа што таму на суд ќе се докаже дека Рама навистина предложил поделба на Косово. Јас сум сигурен во тоа 1.000 проценти, категоричен е Мета.

Навистина, на 15 јануари годинава, Рама го тужеше Харадинај за клевета затоа што постојано тврдеше дека Рама тајно се договорил со Хашим Тачи и Александар Вучиќ за поделба на Косово и „размена на територии“. Само пет и пол месеци подоцна, на 1 јули, Рама објави дека ја повлекол тужбата.

Му реков на Харадинај дека ќе ја повлечам тужбата. Не е дека е неважно за мене, но поважно е она што ќе не обедини сите нас. Со или без судски спор, Рамуш не само што е премиер и политичар за мене, тој е една од историските личности. Значи, тужбата официјално ќе биде повлечена, рече Рама за време на неговата посета на Приштина.