Од почетокот на пандемијата со ковид-19 болницата 8 Септември беше главниот ковид центар во државата. А доктор Патриција Каламарас беше првата која успеа да спаси пациент кој беше приклучен на респиратор.

На 7 септември, министерот за здравство, Венко Филипче, присуствуваше на настанот со кој се одбележаа 10 години од именувањето на Градска општа болница 8 Септември, по националниот празник, Денот на независноста.

Во март, годинава, болницата презеде голема улога и голема одговорност, стана КОВИД Центар. Тука беа сместени најтешките пациенти, исто како на Инфективната клиника. Болницата докажа дека има инфраструктурен капацитет, но пред се човечки, лекари и експерти од многу области, кои пожртвувано 24 часа на ден многупати со чести дежурства во текот на неделата работеа со најтешките пациенти, изјави тогаш Филипче.

Директор на болницата 8 Септември е Христијан Костов. По заминувањето на Арбен Таравари од функцијата министер за здравсто токму Христијан Костов и Венко Филипче беа кандидати за таа функција. Иако Костов имаше големи амбиции, а правеше силни лобирања по струмичка линија, сепак Филипче беше избран да биде нов министер.

Вработените во болницата 8 Септември, а особено тие во ковид-центарот беа незадоволни од менаџирањето на Костов кој во време на пандемијата знаел со денови да не доаѓа на работа.

Сопругата на Костов, Елена Костова Петрова е многу активна на социјалните мрежи. Од нејзините статуси се гледа дека таа болеста ковид-19 ја сведува на ниво на сезонски грип и не се согласува со државната политика која се води за справување со пандемијата.

Таа и самата е од медицинската фела, и потекнува од познато медицинско-фармацевско семејство.

Вчера кога беше постигнат нов рекорд на заразени од ковид-19, односно имаме нови 393 заразени лица, Костова Петрова напиша три поста на фејсбук:

Кој брои други вирози и заболувања? Отруен е народот од страв!!! А замислете САД го укинува задолжителното носење маски во јавниот транспорт!!!
Не е ни хумано ни етички да се оди со ваква пропаганда!! Одвратно.

Следуваше уште еден фејсбук статус на Костова Петрова:

Guardian пренесува:
СЗО потврдува дека Ковид не е поопасен од грипот!

И на крај имаше уште еден интересен фејсбук статус:

Како бе додека беа избори, одмори, составување Влада немаше ваква паника и хистерија за ковидов, а све живо беше надвор здружени по хотели, викендички, свадби, журки, младите беа по цела ноќ надвор. Сега наеднаш за 3 дена хаварија!

Во секој случај Елена Костова Петрова има голем интерес за оваа проблематика, а нејзините коментари и анализи предизвикуваат голем интерес на социјалните мрежи!