Првата македонска држава е формирана на 2 август 1944 година, а нејзиното формирање почна на 11 октомври 1944 година.

Втората македонска држава е формирана на 8 септември 1991 година по референдумот за независност.

Третата македонска држава е рамковна Македонија која е формирана во 2001 година и војната во Македонија. Во таа војна во која не победивме странскиот фактор не натера да ја формираме рамковна Македонија.

Четвртата Македонија е формирана по потпишувањето на договорот во Нивице. По тој договор следуваа уставни измени и промена на името на државата.

Петтата Македонија се чува во некоја фиока и таа ќе биде во форма на лабава Федерација.

Ова за врчерашната емисија Во Центар, која се емитува вечерва во 22 часот на youtube каналот Vasko Eftov, го кажува историчарот Ѓорѓи Чакарјановски.

Според Чакарјановски првите две Македонии се резултат на наши национални победи, а третата и четвртата се резултат на наши национални порази.

Чакарјановски вели дека во 1941 година се случи окупација на Македонија, а не нејзино ослободување од Бугарија. Во Македонија имаше ослободителна а не граѓанска војна, вели тој. Македонците се бореа против Бугарите, а не се бореа комунисти и фашисти кои припаѓаат на еден ист народ.

Со востанието на 11 октомври, вели Чакарјановски, македонскиот народ се избори за своја држава и тоа е големината на овој ден. Се до Втората Светска Војна, вели тој, големите сили сметаа дека на Балканот може да има само две словенски држави: Србија и Бугарија. Со востанието од 11 Октомври македонскиот народ тоа го смени во своја корист и на Балканот беше формирана третата словенска држава-Македонија.

Чакарјановски кој располага со најбогата историска документација во Македонија, во вечерашната емисија Во Центар, открива многу ексклузивни работи. Според него, паролата да се оди на Солун ја кажува Светозар Вукмановиќ Темпо во Битола 1944 година.

А дека комунистичкиот лидер, Лазо Колишевски, кој како комунист е венчан во црквата Свети Спас ( каде е закопан Гоце Делчев ) е главен борец за возобновување на Македонската Православна Црква.

Повеќе во вечерашната емисија Во Цента во 22:00 часот.