Симнувањето на маските по вакцинацијата против вирусот корона ќе биде можно три недели подоцна, по утврдувањето на нивото на антитела, изјави директорот на Центарот „Гамалеја“, Александар Гинцбург, за руските медиуми.

Треба да почекаат најмалку 21 ден откако лицето е вакцинирано. Тогаш треба да бидете сигурни дека сте во вакцинираната група, а не во плацебо групата. Јас би советувал да се одреди нивото на заштитни антитела, а потоа сами да одлучите дали да носите маска или не.

Ако нивото е високо, тогаш не мора да носите маска, ако нивото е недоволно, тогаш подобро е да носите, објасни Гинцбург.

Да потсетиме, во август Министерството за здравство на Русија ја регистрираше првата вакцина во светот за спречување на новата инфекција со коронавирус ковид-19, што беше развиена од страна на научниот институт „Гамалеја“ заедно со рускиот фонд за директни инвестиции Таа во моментов поминува низ трета фаза на тестирање.

Инаку, оксфордската вакцина на АстраЗанека наскоро би можела да добие привремено одобрување, а можно е првите дози на вакцината за ковид-19 да пристигнат веќе на крајот на декември! Тоа го пишуваат британските медиуми, а оптимизам искажа и на првиот човек на СЗО.

Овие планови за брзо вакцинирање се засноваат на очекувањето дека вакцината од Оксфорд, чие испитување неодамна беше запрено заради несакани ефекти, сепак ќе има успешни резултати во третата фаза и ќе може многу брзо да добие привремено одобрение.

Доколку оваа информација се покаже како точна, тоа би значело дека првите дози од истата вакцина може да пристигнат во земјите на ЕУ на крајот на оваа или почетокот на следната година. Секако, дотогаш вакцината ќе треба да добие одобрение од Европската агенција за лекови, без чие одобрение дури и Британците не можат да ја користат вакцината до крајот на 2020 година.