Овој тип на вакцина користи вештачки ослабен вирус што не може да предизвика болест или инактивиран вирус.

Клиничките испитувања на вакцината против вирусот корона развиен од рускиот федерален научен центар „Чумаков“ се одвиваат добро и не се забележани несакани ефекти кај учесниците, изјави генералниот директор на центарот, Ајдар Ишмухаметов.

Испитувањата на нашата вакцина одат добро четврти ден по ред и не се забележани несакани ефекти кај волонтерите, освен иритации на местото на инјектирање на вакцината – рече Ишмухаметов.

Клиничките испитувања на вакцината изработени од Федералниот научен центар за истражување и развој на имунолошки и биолошки производи „Чумаков“ при Руската академија на науките започнаа во Новосибирск на 6 октомври.

Овој тип на вакцина користи вештачки ослабен вирус што не може да предизвика болест или инактивиран вирус.