Во наредните два дена Зоран Милески Кичеец ќе оди на издржувањето на затворската казна во затворот во Шуто Оризари или популарната Шутка. Во изјава за медиумите тој негираше дека барал одлагање на затворската казна и дека пролонгирањето од ден или два е само поради фактот дека денес е неработен ден.

Милески беше осуден на затворска казна од три години во рамки на аферата Рекет. Веднаш по избовањето на таа афера тој ја призна вината и по пресудата му беше изречена затворска казна во траење од три години.

Освен Милески, во случајот Рекет беа изречени уште две затворски казни. Поранешната шефица на СЈО доби затворска казна во траење од седум години, а главно осомничениот во овој случај Борјан Јовановски или Боки 13 ќе треба да одлежи затворска казна во траење од девет години.

Кичеец првично беше во домашен притвор, но потоа поднесе гаранцијата која се состоеше од повеќе недвижности во вредност од 13 милиони денари, судот одлучи куќниот притвор му биде укинат.

Во тој меѓупростор од една година и неколку месеци, од избивањето на аферата Рекет и неговото одење во затвор, Милески беше предмет или беше дел на повеќе бомби објавени на Јутуб. Неговата средба со лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во кабинетот на Мицкоски, а на која средба ( според аудио снимката објавена на Јутуб ) беше присутна и Слободанка Алексовска ( или Данче како ја викаа нагалено во разговорот ) во тој момент на функцијата директор за човечки ресурси во Систина, според многумина беше клучна за резултатот на изборите на 15 јули.

Милески потоа призна дека имал средба со Мицкоски во неговиот кабинет и дека е негов еден од гласовите што се слушаат во аудио бомбата. По таа снимка Мицкоски имаше проблем како понатаму да ја користи аферата Рекет како клучна алатка за рушење на Зоран Заев од власт.

Затоа многумина очекуваа дека Милески ќе биде “награден” од власта со неодење во затвор. Ова е сега нов момент. Дали ќе биде само мачкање очи или нешто друго ќе видиме.

Но очигледно е дека Милески е дел од тој процес на мерење на силите на кланот на Заеви и кланот на Камчеви. Во игра се големи влогови и или ќе има примирје или ќе има нова голема “војна”!?