Американската ријалити ѕвезда застана покрај земјата од каде и потекнува. Со денови, Ерменија и Азербејџан се во конфликт околу регионот Нагорно – Карабах, кој е претежно населен со Ерменци. Таму имаше и вооружени конфликти и целиот свет се надева дека конечно ќе се реши проблемот.

Ким Кардашијан, која и самата потекнува од Ерменија, застана во поддршка покрај оваа земја со голема донација. Имено, таа објави дека донира милион долари на таканаречениот ерменски фонд, за да им помогне на загрозените во овој конфликт.

Секако, парите ќе бидат наменети за храна, медицинска опрема и други потреби.

„За мене е голема чест да бидам дел од денешните глобални напори за поддршка на ерменскиот фонд. Зборувам за моменталната состојба со цел дополнително да ја наметнам свесност за кризата што не можеме да дозволиме да напредуваме. Ерменскиот фонд директно им помага на погодените во ова кризно време со хуманитарна помош преку храна, засолништа и медицинска нега – напиша Ким.

„Донирам милион долари за да им помогнам при нивните напори на терен и ќе ве поканам и сите вие кои сте во можност да ми се придружите. Без разлика дали само помагате да се подигне свеста преку објави на социјалните мрежи или да донирате само 1 долар, буквално сè е од помош. Да го направиме ова наш најуспешен труд за прибирање средства и помош досега. Ви благодарам многу – заврши Кардашијан.