Иако јавноста го доживува Лазар Колишевски како суров комунист, кој без приговор ги извршувал сите наредби од Белград, сепак реалноста е малку поинаква. Тој во ниту еден момент не се откажува од својата комунистичка идеологија, но во исто време е силен поборник за возобновување на Македонската Православна Црква и македонската држава.

Историчарот Ѓорѓи Чакарјановски во емисијата Во Центар потврди дека Колишевски силно работел на возобнувањето на автокефалноста на МПЦ и од таа идеа не се откажал до крајот на својот живот, вели тој.

Според Чакарјаневски, својот прв брак со сопругата Љиљана Чаловска, која му помогнала да биде ослободен и пуштен од бугарскиот затвор, Колишевски го крунисал во црквата Свети Спас во Скопје. Негови кумови биле Добривоје Радосављевиќ Боби, кој беше инструктор на ЦК на КПЈ во Македонија, и генерал Михајло Апостолски, командант на НОВ и ПОМ во Македонија.

Интересен е фактот дека Колишевски го крунисал својот брак со Чаловска во црквата Свети Спас, односно во истата црква каде од 1946 година почиваат моштите на македонскиот великан Гоце Делчев.

Според Чакарјаневски Лазар Колишевски и Светозар Вукмановиќ Темпо најмногу притискале кај Јосип Броз Тито за помош на Македонците во Граѓанската војна во Грција. Темпо, вели Чакарјаневски, прв ја кажува паролата да се оди на Солун. Тоа го прави во ноември 1944 година во ослободена Битола.

Целото интервју можете да го погледате на следниот линк: