Поранешниот претседател на Грузија, Михаил Саакашвили, е нападнат Во Атина, каде дошол на состанок со грузиските имигранти, пренесе „Спутник Грузија“. Телевизијата „Мтавари“ објави видео-снимка од инцидентот.

Во близина на зградата во која требало да се одржи настанот, младо момче со капа го нападнало Саакашвили. Според видеото, тој неколкупати го удри по главата Саакашвили, а насобраните луѓе во паника почнуваат да бегаат.

Поранешниот претседател на Грузија, сепак, се сретна со имигрантите и им ги кажа своите политички планови.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во мај го именуваше поранешниот претседател на Грузија, за шеф на извршниот одбор на Националниот совет за реформи.