Да расчистиме некои работи да не морам на сите поединечно да ви одговарам:

1. Вакцина за ковид-19 не постои. Не знам дали ќе биде пронајдена до Нова Година како што најавува СЗО. Но и да биде пронајдена сметам дека вакцинирањето треба да биде на доброволна основа, односно не треба има задолжително вакцинирање.

2. Ковид-19 не е сезонски грип и сите што тоа ви го кажуваат ве лажат.

3. Очигледно постојат скапи лекови и протоколи со кои за два до три дена секој заразен успешно оздравува. Тоа се покажа во случајот со Трамп, а мислам дека и нашите власти имаат такви лекови за ВИП личности.

4. Ковид-19 не се лекува со антибиотици и тешки лекарства туку така се лекуваат последиците од заразата како што се пневмонија, тромбоцити и слично на тоа кои можат да бидат фатални за заразените.

5. Никој не знае какви ќе бидат последиците од ковид-19. Ние сите зборуваме само за симптомите. Симптомите на ковид-19 ( кај поголемиот број пациенти ) се послаби од тие на тежок сезонски грип, но за жал, самите последици по здравјето на заразените од ковид-19 ќе бидат многу, многу посериозни.

6. На почетокот бев во дилема дали вирусот е природно настанат во Кина ( од лилјак ) дали е вештачки донесен од агенти на МИ-6 во Вухан ( теза на Панарин ), дали е избеган од лабораторија или конечно дали е донесен од Војската на САД на Светските воени игри во Вухан во октомври 2019 година, но сега сум сигурен дека се ова е голема, многу голема биолошка војна која се води во светот.

7. Светот е фрлен на колена, здравствено, финансиски и најмногу психолошки. Некои држави ќе излезат разорени а некои ќе бидат победници. Како во секоја голема светска војна, а ова според мене е голема светска биолошка војна.

8. Сметам дека Македонија мора да излезе од ова со најмала можна цена што ќе ја платиме бидејќи како мала држава немаме ни луѓе ни ресурси за губење.

9. Не сум за воведување карантин. Но сум за сериозни казни за тие што не го почитуваат законот.

10. Прифатлив ми е шведскиот модел но за жал во Македонија не живеат Швеѓани и кај нас шведскиот модел ќе заврши во тешка катастрофа.

11. Децата ќе ги пуштам на физичка настава во училиште и во градинка.

12. Ќе се вакцинирам само ако сум убеден дека вакцината е сигурна и ефикасна. Сега сум повеќе НЕ отколку ДА дека ќе се вакцинирам. Не планирам да ги вакцинирам моите деца со вакцина за ковид-19.

13. Поради ова биолошка војна што се води сакам да победи Трамп, иако во Македонија никогаш не би гласал таков профил на политичар.

14. Веќе е јасно дека ќе има нова Јалта каде САД, Русија и Кина ќе го дефинраат новиот светски поредок.

15. Изборите во САД ќе покажат кој партнер го посакуваат Русија и Кина на таа нова Јалта: Бајден или Трамп?

16. Ние на таа Јалта треба да одиме со повеќе пријатели отколку непријатели и со повеќе затворени отколку отворени прашања.

Зошто толку ви пишувам и зборувам за ковид-19? Бидејќи тоа не е грип-тоа е сериозна биолошка војна. Затоа ве држам да бидете будни и да бидете внимателни. По седум месеци е нормално да се јави замор и се да ви дојде преку глава-но тие тоа го посакуваат, бидејќи тогаш се прават најголеми грешки.