Соединетите држави денес соопштија дека „силно ја осудуваат“ најавата на Турција дека ќе испрати брод со сеизмички тест во источниот дел на Средоземното Море, обвинувајќи ја Анкара за поттикнување на тензии во регионот и намерно комплицирање за продолжување на преговорите со Грција

„Присила, закани, заплашувања и воени активности нема да ги решат тензиите во источниот дел на Медитеранот“, рече портпаролот на Стејт департментот Морган Ортагус, пренесува Ројтерс.

Стејт департментот ја повика Турција да престане со оваа пресметана провокација и веднаш да започне прелиминарни разговори со Грција.

Инаку причина за оваа реакција на САД е одлуката на Турција во Источниот Медитеран да го врати бродот поради кој Грција се закануваше со војна!

Турскиот истражувачки брод Орук Реис ќе се врати во Источен Медитеран „од 12 до 20 октомври“, каде што беше во периодот од август до септември, а тоа присуство предизвика значителни тензии со Грција, соопшти во неделата турската морнарица.

Орук Реис ќе ги извршува своите задачи во регионот, вклучително и јужно од грчкиот остров Кастелориза, се вели во пораката испратена преку системот за поморско предупредување NAVTEX.