Наставничка по англиски јазик во второ одделение и еден одделенски наставник во ОУ „Владо Тасевски“ во скопската општина Карпош се најновите случаи на заразен наставнички кадар од почетокот на учебната година пред две недели.

Од Општина Карпош за „360 степени“ соопштија дека и двајцата наставници се во самоизолација, а по консултација со епидемиолог, одлучено е учениците од двете одделенија да не одат во изолација и да продолжат со наставата.

За предметната наставничка е констатирано дека се заразила во контакт со лице со ковид-19 надвор од училиштето, а состојбата и е констатирана во средата, од кога е и во домашна самоизолација.

Од Општината посочуваат дека сите основни училишта, кои се под нивни ингеренции максимално ги следат протоколите и мерките за заштита од пандемијата.