Вирусот корона во Европа повторно зема замав и се шири со голема брзина. Спортот и спортистите не се имуни на новиот бран на вирусот КОВИД-19. Само во изминатите неколку дена, се потврдени многу случаи меѓу спортистите, а денес на тој список се најде и досега најзвучното име!
Португалската фудбалска федерација преку официјално соопштение потврди дека нивната прва звезда Кристијано Роналдо е позитивен на вирусот корона.
Тој не чувствува никакви симптоми, тој е во изолација и сигурно ќе го пропушти утрешниот натпревар против Шведска во рамките на Лигата на нациите.
Сите други репрезентативци утрово беа тестирани за вирус корона, и сите имаа негативни резултати.
