Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија денеска треба да ги утврди новите цени на горивата во земјава, кои ќе траат во следните седум дена.

Со последната одлуа дизелот поскапи за 0,5 денари, а бензинот поевтини за 1,5 денари, па во моментов горивата се точат по следните цени:

ЕУРОСУПЕР БС – 95: 59,00 (денари/литар)

ЕУРОСУПЕР БС – 98: 61,00 (денари/литар)

ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 50,00 (денари/литар)

Екстра лесно 1 (ЕЛ-1): 50,00 (денари/литар)