На социјалните мрежи се појавија и нови информации за пристигнувањето на сириските платеници на фронтот во Нагорно Карабах. Овие борци или подобро речено платени борци ( или како во светот ги нарекуваат “кучиња на војните” треба да војуваат во првите бирбени редови.

Како што беше најавено, околу 2.300 борци на единиците на Султан Сулејман Шах и Султан Мурад беа испратени на фронтот во Нагорно Карабах.

На овој начин, Азербејџан го користи примирјето за да ги зајакне своите единици на фронтот. Но и да го пополни местата на веќе загинатите борци.

На социјалните мрежи се појави видео за кое се тврди дека претставува погреб на сириски платеници кои загинаа во редовите на азербејџанската армија.

Тие се закопани во заеднички гроб.

Овие „платени борци“ се борат за 700 до 1.500 долари во Нагорно Карабах.

Според сирискиот весник „Јиср“, само на најблиските роднини им е дозволено да присуствуваат на ноќниот погреб.

Азербејџан однапред се подготвуваше за офанзивата врз Карабах, рече постојаниот претставник на Ерменија во ООН, Мгер Маргарјан, на сесијата на комитетот на Генералното собрание на ООН, кој се занимава со разоружување и меѓународна безбедност.

Нивните напади врз народот во Нагорно Карабах беа извршени со директно учество на Турција и странски терористи поддржани од Турција, што предизвика најопасна ескалација на ситуацијата во регионот од почетокот на 90-тите години“, рече Маргарјан.

Обемот и карактерот на офанзивата покажува дека тоа било планирано порано, посочи тој.