Србија, како што пишуваат српските медиуми, ќе биде првата земја во Европа што ќе ја добие руската вакцина за коронавирус, која во моментов е во завршна фаза на тестирање и наскоро ќе влезе во масовно производство.

Оваа вест на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, му ја пренел амбасадорот на Руската Федерација во Србија, Александар Бочан-Харченко. Тој на состанокот во Претседателството на Србија, детално го информираше Вучиќ за сите детали и фази на развој на руската вакцина против ковид-19.

Амбасадорот Бокан-Харченко ја пренесе пораката од рускиот претседател Владимир Путин дека Србија може да смета на помошта на Русија во борбата против короната, што беше потврдено во официјалното соопштение од кабинетот на Вучиќ издадено веднаш по состанокот.

На 11 август Русија стана првата земја што официјално регистрираше вакцина против коронавирус, вакцината се вика „Спутник V“, а ја разви Центарот за истражување Гамалеј.

Како што вчера официјално објави директорот на Рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Димитријев, на крајот на овој или почетокот на следниот месец, вакцината може да влезе во масовна употреба, најпрво во Русија, а потоа и на Блискиот исток.

Споменатата вакцина е тестирана и во Белорусија, а испитувања на луѓе се започнати во Обединетите Арапски Емирати, додека испитувањата се очекува да започнат во Венецуела во блиска иднина.