Минатата недела, дел од светските експерти, изразија уверување дека во заздравувањето на американскиот претседател Доналд Трамп од ковид-19 огромна улога имала терапијата со експериментален коктел со антитела што многумина го нарекуваат Регенерон, според компанијата што го произведува.

Многу се големи шансите дека овој експерименрален коктел го направи Трамп многу подобар, рече еден од водечките американски експерти за инфективни болести, Ентони Фаучи.

Трамп оваа терапија ја нарече спасоносен лек и вети дека наскоро ќе им биде бесплатна на стотици илјади Американци.

Мислам дека е Божји благослов што добив вирус, рече Трамп во видео порака на Твитер. Го добив вирусот и слушнав за овој лек, па реков: Дозволете ми да го земам! Начинот на кој функционираше коктелот беше неверојатен, рече тој.

Како што се очекуваше, терапијата ја заинтересира американската и светската јавност.

Терапијата со која се лекуваше Трамп, во моментов се нарекува REGN-COV2, а се производува од американската компанија „Регенерон“. Сè уште не ги помина сите фази на клиничките испитувања, па затоа е невозможно да се каже колку е ефикасна или може да има можни посериозни и несакани ефекти. Треба да се има на ум дека Трамп беше третиран со уште неколку лекови, како што се ремдесивир и дексаметазон.

Засега, терапијата REGN-COV2 е тестирана на лабораториски клетки и на резус мајмуни заразени со ковид-19. Коктелот се состои од две вештачки создадени моноклонални антитела кои би требало да ја намалат репродукцијата на вирусот САРС-КоВ-2.

Студиите покажаа дека REGN-COV2 има најголем ефект кај луѓе чиј одбранбен систем не развил доволен одговор на вирусот, а вирусот значително се размножил.

Двете антитела кои се врзуваат за два различни делови на гликопротеинот С и се користат во терапијата за да се намали можноста за мутација на вирусот. Изборот на крајот падна на две антитела – REGN10933 и REGN10987.

Едно антитело доаѓа од човек кој се опоравил од инфекција со вирусот САРС-КоВ-2. Б-клетките кои произведуваат антитела се собрани од крвта на една личност, се изолираат, а потоа се копираат гените за да се кодира протеин кој играл клучна улога во имунолошкиот одговор. Второто антитело е добиено од глушец кој е генетски модифициран за да има човечки имунолошки систем. Му беше инјектиран протеин С за да се добие имунолошки одговор.

Слична терапија со две моноклонални антитела беше тестирана кај пациенти со ебола. Во случајот на оваа болест, тестовите во Конго за антитела REGN ја намалија смртноста од 51 отсто на 34 отсто. Ефектот на ковид-19 допрва треба да се потврди во клиничките испитувања врз луѓе.

Засега е познато само дека коктелот значително ја намали репликацијата на вирусот и оштетувањето на белите дробови во студиите на животни, хрчаци и резус-мајмуни.

Регенерон објави три фази на тестирање на безбедноста и ефикасноста на коктелот на 5.914 пациенти.

Терапијата навистина може да биде бесплатна за жителите на САД, барем првично, бидејќи Регенерон доби повеќе од 500 милиони долари за развој на коктели под такви услови.

Портпарол на Регенерон минатата недела изјави дека не знае кога компанијата може да започне да наплатува за терапија или колку може да чини. За очекување е дека нема да биде ефтино.

REGN-COV2 исто така се тестира во Велика Британија. Слична терапија развива и американската компанија Ели Лили. И двате компании поднеле барање до ФДА за одобрување во итни случаи.

Регенерон потпиша договор со швајцарската компанија Хофман-Ла Рош за пазари надвор од САД. Компаниите се согласија да го зголемат производниот капацитет на REGN-COV.

Трамп доби доза од 8 грама од овој скап коктел, што е двојно повеќе од пропишаното. Причината е веројатно желбата на лекарот потребните нивоа на антитела да останат во неговото тело подолго.

Терапијата на Трамп ја зголеми вредноста на акциите на Регенерон. Нивната цена скокна за повеќе од 60 отсто оваа година, а сегашната вредност на компанијата се проценува на 63 милијарди долари.