Кина ќе одговори легитимно и колку што е потребно во согласност со развојот на ситуацијата, рече Жао Лиџијан, портпарол на Министерството за надворешни работи.

Прашањето беше како Народна Република Кина ја коментира најавената продажба на американско оружје на Тајван, каде наскоро ќе биде испорачан артилериски ракетен систем со голема подвижност (ХИМАРС) со домет до 250 километри.

Во пакетот се вклучени и ракетите воздух-земја со долг дострел СЛАМ-ЕР кои можат да се испукаат од авиони надвор од опсегот на кинески противвоздушни системи. Така, Тајван ги пополнува празнините во неговиот асиметричен одбранбен систем.

Договорот е вреден 7 милијарди долари. Вкупната продажба на оружје на Тајван за време на администрацијата на Трамп ќе изнесува 15 милијарди долари, што е пораст во однос на администрацијата на Барак Обама, која во двата мандата и продаде оружје на оваа држава во вредност од 14 милијарди долари.

Претседателот Си Џимпинг најави „подмладување на Кина“ и еден од клучните елементи на таа стратегија е да го врати Тајван во татковината на кој било начин.