Ана Брнабиќ, која неодамна го освои својот втор мандат како премиер, кон крајот на август изјави дека постои можност во вилата на Јованка Броз да биде новиот премиер, нагласувајќи: „Владата ќе одлучи за тоа, во согласност со потребите, јас не одлучувам за тоа“.

Премиерката Брнабиќ има стан на Дедиње, во близината на Белиот дворец, со површина од 328 квадратни метри, кој го купила во 2014 година, вреден 490.000 евра и „дел од купопродажната цена го отплатила од кредит“.

Инаку, куќата со површина од 750 квадратни метри во улицата Кнез Александар Караѓорѓевиќ 75, припаѓа на „државните репрезентативни згради“, но со години се распаѓа. Реновирањето на зградата, чие официјално име е „Вила Бор“, почна лани на сметка на државата.