Премиерот на Ерменија, Никол Пашињан, тврди дека поради Турција, мирот во Нагорно Карабах не може да надвладее.

Тврдам дека сè додека Турција не ја смени својата позиција, Азербејџан нема да престане со непријателствата“, рече Пашињан за Ројтерс.

Според него, турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, за време на телефонскиот разговор со неговиот азербејџански колега Џејхан Бајрамов, кој се одржа по договорот за воспоставување примирје на 11 октомври, го убедил дека Баку треба да ја продолжи борбата.

Тоа беше еден вид инструкција во никој случај да не се запираат борбите. нагласи ерменскиот премиер.

Турција дојде во Јужен Кавказ да ја шири својата политика која ја води во Средоземното море против Грција и Кипар, или Либија, или Сирија или Ирак. Тоа е експанзионистичка политика, рече Пашинијан, додавајќи дека проблемот е во тоа што Ерменија е единствената преостаната пречка на патот на Турција кон спроведување на оваа политика.

Медиумите пишуваа, повикувајќи се на неименуван турски извор, дека министрите на Турција и Азербејџан навистина разговарале во неделата, на 11 октомври.