Србија е отскочна штица за руските специјални служби на Балканот, преку која Москва ги промовира своите интереси, рече поранешниот заменик министер за надворешни работи на Бугарија, Милен Керемедчиев.

Тој смета дека Русија е вклучена и во зголемувањето на антибугарското расположение во Србија и Република Македонија.

Руските специјални служби исто така замешале прсти во она што се случува меѓу Бугарија и Северна Македонија, рече Керемедчиев во емисијата „Бугарија он аир”.

Мислењето за вмешаност на Москва во напнатите односи меѓу Софија и Скопје го поддржа и бугарскиот аналитичар од областа на меѓународните односи, поранешниот дописник на Бугарското национално радио во Србија, Николај Крастев. Според експертот, Бугарија не треба да спречува почеток на преговори за пристапување на земјата во Европската унија.

Тој потсети дека секое одложување го оддалечува Скопје од преговорите. Минатата година, категоричниот став на Франција на крајот доведе до нови парламентарни избори во Република Македонија.

Лошата вест е дека ние помагаме во оваа игра во која интересите на Русија и Србија се совпаѓаат во однос на Репиблика Македонија. Македонија ќе мора да преговара за 35 поглавја, што е поентата во блокирањето на почетокот на процесот на преговори, рече Крастев.

Претходно, премиерот Бојко Борисов и министерката за надворешни работи Екатерина Захариева изјавија дека го поддржуваат Скопје на неговиот пат кон Европската унија, но Борисов изрази загриженост за наводните повици на Европскиот парламент за признавање на македонското малцинство во Бугарија. Тој исто така најави дека сите спорови меѓу Софија и Скопје треба да бидат разјаснети до 10 ноември.