Членовите на Бугарската социјалистичка партија, кои ја претставуват Бугарија во Европскиот парламент, се согласија во резолуцијата на ЕП за Бугарија да остане делот за македонското малцинство, изјави заменик-претседателот на партијата ВМРО БНД, Милен Михов, во интервју за бугарското радио.

Оваа партија цело време беше многу критична кон тој документот на Европскиот Парламент.

Бугарија постојано ги осудува повиците на европратениците во резолуцијата да го признаат македонското малцинство. Во документот не се споменува директно македонското малцинство. На дното на страницата, авторите на резолуцијата ги наведуваат одлуките на Европскиот суд за човекови права во врска со одбивањето на Бугарија да регистрира партии кои инсистираат на признавање на македонското малцинство.

Тоа е она што им дава надеж на водечките кругови во Скопје, дека е можно да се изврши надворешен политички притисок врз Бугарија и дека таа ќе капитулира, рече Михов.

Според него, Бугарија треба да ја покаже својата позиција пред своите европски и евро-атлантски партнери, а тоа е дека земјата не ја спречува Македонија да влезе во Европската унија, но во исто време, владата во Скопје мора да ја прифати историската реалност каква што е.

Михов рече дека претходно од Скопје и предложиле на Софија да го слават 11 октомври како ден на борбата против фашистичкото владеење во Бугарија и фашистичката окупација на Македонија од Бугарија во текот на Втората светска војна.

Бугарија тој период на владеење во Макединија го нарекува период на бугарската администрација и не го смета за окупација, вели тој.

Бугарската администрација влегува во Вардарска Македонија од 20 април 1941 година. Додека таканареченото Народно востание на македонскиот народ започна на 11 октомври 1941 година. Се поставува прашањето зошто македонскиот народ половина година не започна војната против бугарските фашисти, праша Михов? Според него тоа се случи, затоа што Македонија не се сметаше себеси за окупирана, туку за ослободена.