Компанијата Apple ја претстави новата серија iPhone 12.

Сите модели имаат Super Retina XDR OLED дисплеј, Dolby Vision систем за снимање на видео и поддржуваат 5G мрежа.

iPhone 12 mini

Најмалиот од четирите модели има екран од 5,4 инчи. Овој модел го придвижува најновиот A14 Bionic процесор и има 4GB RAM. Достапен е со 64, 128 и 256 GB меморија.

Има батерија од 2.227 mAh и поддржува безжично полнење до 15 W. Има три камери, а повеќе информации ќе бидат објавени утре.

Почетната цена изнесува 699$.

iPhone 12

iPhone 12 има екран од 6,1-инч, 4 GB RAM и батерија од 2.775 mAh и поддржува безжично полнење до 15 W.

Image

Достапен е со 64 GB, 128 GB и 256 GB, a има ист систем на камери како iPhone mini. Почетната цена е 799$.

iPhone 12 Pro

Овој модел има екран од 6,1-инч и 6 GB RAM.

Има иста батерија како моделот iPhone 12.

Достапен е со 128, 256 или 512 GB.

Image

Има широка, ултраширока, телефото камера со 4х зум и LIDAR сензор.

Почетната цена е 999$.

iPhone 12 Pro Max

Ова е најголемиот модел бидејќи има екран од 6,7 инчи.

Моделот има батерија од 3.687 mAh и поддржува безжично полнење до 15 W.

Достапен е со 128, 256 и 512 GB.

Image

Има широка, ултраширока, телефото со 5х оптички зум и LIDAR сензор.

Ќе се продава по цена од 1.099 долари.