Намалувањето на смртноста од ковид-19 во Европа може да биде поврзано, меѓу другото, и со мутации во геномот на вирусот, изјави денес професорот на Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија на руското Министерство за здравство Гамалеја, Анатоли Алштајн.

  • Оваа огромна разлика во смртноста што ја имаме, на пример во Европа, каде што беше околу 10-15 проценти за време на пролетниот бран, а сега забележуваме 0,5 проценти, веројатно нема да се должи само на медицинските достигнувања. Мислам дека тука се значајни и биолошките промени на вирусот – рече Алштајн

Според рускиот научник, мутациите што се појавуваат во геномот на новиот вирус корона се „корисни за луѓето“ и влијаат на намалување на смртноста на вирусот. Сепак, Алштајн рече дека позитивната динамика на аспектот на смртност во Европа е поврзана и со подобрената здравствена заштита.

Бројот на смртни случаи како резултат на инфекција со коронавирус во Западна Европа се намали два до три пати во текот на летото, и покрај зголемувањето на вкупниот број на инфекции. Во Шпанија, на пример, процентот на смртни случаи е преполовен во споредба со бројот на инфекции – на 6,6 проценти, наместо на 12 проценти.