Финансискиот извештај кој го поднесе фудбалскиот клуб Јувентус за сезоната која официјално заврши на 30 јуни покажува голем минус во финансиите.

Шампионот на Италија во вонредни услови на работење, поради финансиската криза што ја предизвика коронавирусот, пријавил минус од 89.700.000 евра.

Клубот соопшти дека 39.000.000 евра е минусот за минатата сезона, додека загубата од 50.700.000 евра била направена од 1 јули до денес.

На состанокот со акционерите, одржан преку видео-линк, било соопштено дека поради пандемијата клубот не бил во можност да продава карти за натпреварите, а драстично биле намалени и приходите од спонзорите.